• четврток, 21 ноември 2024

Борел во посета на Естонија и Летонија 

Борел во посета на Естонија и Летонија 

Брисел, 19 јули 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска и утре ќе ги посети Естонија и Летонија, каде со своите домаќини ќе разговара за најитните клучни надворешнополитички и одбранбени приоритети на Унијата, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). 

Борел денеска во Талин ќе има средба со естонската премиерка во оставка и негова наследничка на функцијата шеф на европската дипломатија Каја Калас, по што заедно со министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахна попладне ќе ја посети воената база „Тапа“. Предвидено е борел да се сретне и со естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. 

Утре пак во Рига, Борел ќе има средба со летонските министри за надворешни работи и за одбрана Баиба Браже и Андрис Спрудс. По средбите, Борел придружуван од Спрудс ќе ја посети воената база Адажи каде ќе има средба и со припадници на шпанскиот контингент стационирани во неа. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан