• четврток, 26 март 2026

Во Азија уапсени над 1.800 луѓе поради вмешаност во измамнички мрежи

Во Азија уапсени над 1.800 луѓе поради вмешаност во измамнички мрежи

Хонг Конг, 3 јуни 2025 (МИА) – Во заедничка полициска операција спроведена ширум Азија уапсени се над 1.800 луѓе поради вмешаност во измамнички мрежи, соопшти денеска полицијата во Хонг Конг.

За време на операцијата пресретнати се лажни приливи на околу 20 милиони американски долари, затворени се измамнички мрежи, во рок од еден месец замрзнати се речиси 33.000 банкарски сметки.

Уапсените лица се на возраст од 14 до 81 година.

Операцијата е спроведена од полициите на Јужна Кореја, Тајланд, Сингапур, Макао, Малезија и Малдиви.

Заедничката полициска операција беше насочена кон случаи на онлајн купување и телефонски измами, како и измами со инвестиции и со вработување. ми/

фото: МИА архива 

Остани поврзан