• сабота, 27 јули 2024

Блинкен: Фокусирани сме на продолжување на паузата во борбите во Газа

Блинкен: Фокусирани сме на продолжување на паузата во борбите во Газа

Брисел, 29 ноември 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека ќе работи на продолжување на паузата во борбите во Газа при претстојната посета на Израел.

- Во текот на следните неколку дена ќе бидеме фокусирани да направиме сè што можеме за да ја продолжиме паузата, така што ќе продолжиме да извлекуваме повеќе заложници и ќе доставуваме повеќе хуманитарна помош, рече Блинкен по министерскиот состанок на НАТО во Брисел.

Што се однесува на руската војна во Украина, Блинкен додаде дека Вашингтон и неговите сојузници остануваат цврсти во нивната поддршка за Киев.

„Одговорот денеска овде во НАТО е јасен и непоколеблив: Мораме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“, потенцираше Блинкен на состанокот на западната воена алијанса. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан