• четврток, 21 ноември 2024

Блинкен предупреди дека целото население во Газа се соочува со несигурност за храна

Блинкен предупреди дека целото население во Газа се соочува со несигурност за храна

Вашингтон, 19 март 2024 (МИА) – Во најострата изјава досега, американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска истакна дека на Израел треба да му биде приоритет да обезбеди хуманитарна помош за оние на кои им е очајно потребна во Појасот Газа.

Тој нагласи дека оваа тема мора да се иницира на секое место и повторно го повика палестинското терористичко движење Хамас, против кое Израел војува, да го остави оружјето.

Би-Би-Си јави дека Блинкен рекол дека два милиони луѓе во Газа се во услови на „високо ниво на акутна несигурност за храна“ и дека е првпат цело население да се најде во таква ситуација.

Во одговор на прашање на Би-Би-Си за условите на палестинската територија, која е под опсада и напади од Израел, Блинкен го повика Израел „да си го постави како приоритет доставувањето помош на луѓето на кои им е многу потребна“.

Блинкен ова го изјави за време на посетата на Филипините додека американски официјални претставници најавија дека ќе отпатува на Блискиот Исток во својата шеста посета на регионот од почетокот на војната во октомври, во обид да посредува за договор за прекин на огнот.

Агенциите на ОН соопштија дека до мај се заканува глад во северниот дел на Појасот Газа, доколку не дојде до пауза во борбите и големо зголемување на испораката на помош. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан