• петок, 03 мај 2024

Блинкен: Нема чувство на замор меѓу сојузниците во НАТО за помошта на Украина

Блинкен: Нема чувство на замор меѓу сојузниците во НАТО за помошта на Украина

Брисел, 29 ноември 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека меѓу сојузниците на НАТО нема „чувство на замор“ кога станува збор за помошта на Украина.

-Мораме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, рече државниот секретар по состанокот НАТО-Украина во Брисел, додавајќи дека сојузниците на НАТО се едногласни во оваа позиција и дека двата дома на американскиот Конгрес континуирано ја поддржуваат Украина, пренесоа британските медиуми.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, претходно денеска го повика Западот да го зголеми производството на оружје, затоа што ЕУ испорача околу 300.000 од ветените милиони артилериски гранати.

-Треба да создадеме заедничка евроатлантска одбранбена индустрија, кажа Кулеба пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, додавајќи дека тоа ќе ја обезбеди и безбедноста на Украина и на самите земји од НАТО. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан