• четврток, 25 јули 2024

Блинкен в понеделник ќе го посети Израел

Блинкен в понеделник ќе го посети Израел

Вашингтон, 7 јуни 2024 (МИА) - Стејт департментот денеска за израелските медиуми потврди дека државниот секретар Ентони Блинкен ќе го посети Израел в понеделник, на 10 јуни, по осми пат откако Хамас нападна јужна израелска територија и го почна конфлитот во Газа.

САД и Израел го чекаат одговорот на Хамас на договорот за прекин на огнот предложени од Израел и ослободување на заложниците објавени од американскиот претседател Џозеф Бајден.

Бајден рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги послушал неговите предупредувања за најавената израелска голема воена офанзива во Рафа и дека воените планови биле приспособени за целна операција.

Во интервју за американската ТВ мрежа Еј-Би-Си (ABC), Бајден објасни дека претходно се очекуваше израелската армија со полна сила да влезе во Рафа, што не го стори.

Нетанјаху јавно кажа дека ќе се придржува до договорот за прекин на огнот за ослободување на заложниците што ги држеше Хамас, потсети Бајден. Тој рече дека предлогот за примирје бил поддржан од голем дел од арапскиот свет. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан