• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Беровските пожарникари добија нова заштитна опрема

Беровските пожарникари добија нова заштитна опрема

Берово, 6 март 2025 (МИА) - Нова  заштитна опрема, која се состои од униформа и обувки и која значитечно ќе им го олесни извршувањето на работните задачи, денеска добија беровските пожарникари.
 
Новата заштитна опрема како што соопшти градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски ќе се користи за гасење на пожари на отворен простор во урбаните и руралните средини.

-Истата ќе биде од голема корист за ТППЕ Берово,  со што ќе се унапреди нивната  безбедност и функционалност и  значително ќе се олесни начинот на справување со  предизвиците, истакна Пекевски.

Опремата е во вкупна вредност од  399.500,00 денари. 

-Средствата ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Берово за 2025 година, додаде Пекевски.

Посака пожарникарите да имаат што помалку работа во годината која претстои и апелираше до граѓаните да внимааваат и да не палат оган на отворен простор. вс/сст/

Фото: МИА
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан