• недела, 05 мај 2024

Бензема доби понуда од 200 милиони евра во Саудиска Арабија

Бензема доби понуда од 200 милиони евра во Саудиска Арабија

Мадрид, 29 мај 2023 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, добил понуда од Саудиска Арабија, пишува „Relevo“.

 

Владата на Саудиска Арабија на 35-годишниот Французин му нуди договор со еден од локалните клубови на две сезони со плата од 200 милиони евра.

 

Покрај тоа, напаѓачот може да стане амбасадор на заедничката понуда на Саудиска Арабија, Грција и Египет да бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година.

 

Оваа сезона Бензема забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигна 30 голови и шест асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан