• недела, 12 мај 2024

Меси сака играч кој ќе му асистира во Интер

Меси сака играч кој ќе му асистира во Интер

Мајами, 4 мај 2024 (МИА) - Интер Мајами оствари контакт со второлигашот Реџина за трансфер на талентираниот играч за врска Нејтан Гирма, пренесуваат италијанските медиуми.

Екипата од МЛС, чиј играч е легендарниот напаѓач Лионел Меси, имаше силен почеток на сезоната и е на врвот на Источната конференција на САД по 11 натпревари, забележувајќи шест победи и три ремија. Минатата кампања Интер Мајами не убедуваше со своите настапи, но оваа сезона е решен да атакува на титулата во САД.

Гирма, пак, минатото лето ја засили Реџина, доаѓајќи од Сона како слободен играч. Тој импресионираше со своите игри во вториот степен на италијанскиот фудбал, постигнувајќи шест гола и асистенција на уште три во 29 натпревари.

Според „Тутомеркато“, Интер Мајами упатил барање до Италијанците за можноста Гирма да ја продолжи кариерата на Флорида од летото. Се очекува Реџина за својот талент да бара околу милион евра.  дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан