• недела, 24 ноември 2024

Белгија ја повика ЕУ да го забрани рускиот ЛНГ додека се зголемува увозот

Белгија ја повика ЕУ да го забрани рускиот ЛНГ додека се зголемува увозот

Брисел, 26 септември 2024 (МИА) – Белгија ја повика Европската унија да го забрани рускиот течен природен гас (ЛНГ), предупредувајќи дека компаниите не можат да ги раскинат долгорочните договори освен ако блокот како целина не воведе санкции.

Ова денеска го јави Фајненшл Тајмс (Financial Times), цитирајќи ја белгиската министерка за енергетика Тине Ван дер Страетен.

- ЕУ мора да оди понатаму за да го спречи рускиот ЛНГ да стигне до блокот бидејќи расте загриженоста поради зголемениот увоз, изјави за весникот Ван дер Страетен. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан