• петок, 12 јули 2024

Бела куќа: Не ја откажавме средбата со израелските претставници по изјавата на Нетанјаху

Бела куќа: Не ја откажавме средбата со израелските претставници по изјавата на Нетанјаху

Вашингтон, 19 јуни 2024 (МИА) - Белата куќа го демантира извештајот дека го откажала состанокот на високо ниво со израелски официјални претставници во знак на протест поради тврдењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Вашингтон ја задржува испораката на оружје за Израел.

„Како што рековме на вчерашниот брифинг, немаме поим за што зборува премиерот, но тоа не е причина да се одложи состанокот“, изјави официјален претставник на Белата куќа за „Тајмс оф Израел“.

Тој рече дека работеле на тоа да најдат време да го закажат следниот состанок, но дека се уште во целост не ги финализирале деталите, така што ништо не е откажано. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан