• вторник, 22 октомври 2024

Најмалку 13 загинати и 57 ранети во вчерашниот израелски напад врз Бејрут

Најмалку 13 загинати и 57 ранети во вчерашниот израелски напад врз Бејрут

Бејрут, 22 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 13 лица загинаа, а 57 се ранети во израелски напад во Бејрут, во близина на најголемата државна болница во Либан, е новиот официјален биланс од вчерашниот напад.

Меѓу загинатите, како што е соопштено, има и дете.

Болницата Рафик Харири, која беше оштетена во нападот, се наоѓа на периферијата на јужните предградија на Бејрут, која е и упориште на проиранското движење Хезболах.

Министерството за здравство соопшти дека 17 ранети се хоспитализирани, а седум од нив се во критична состојба.

Најмалку 1.489 луѓе се убиени во Либан од 23 септември, кога се интензивираа израелските напади врз цели на Хезболах, наведуваат француските медиуми, повикувајќи се на официјални извори.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан