• среда, 10 јули 2024

Белата куќа го предупреди Иран да не се меша во американските протести поврзани со Газа

Белата куќа го предупреди Иран да не се меша во американските протести поврзани со Газа

Вашингтон, 10 јули 2024 (МИА) - Белата куќа вчера го обвини Иран дека се обидува да ги искористи протестите во САД поврзани со конфликтот во Појасот Газа.

Откако висок американски разузнавач рече дека Иран се обидува да сее раздор во американското општество, Белата куќа соопшти дека однесувањето на Техеран е неприфатливо, пренесе БТА.

Според директорот на американското национално разузнавање Аврил Хејнс, поединци поврзани со иранската влада се претставувале како активисти на интернет, ги охрабрувале протестите поврзани со конфликтот во Газа и обезбедувале финансиска поддршка на демонстрантите.

-Американците од сите политички убедувања со добра волја ги изразуваат своите ставови во врска со конфликтот во Газа. Слободата на мирно изразување на различни ставови е централна за нашата демократија. Истовремено, американската влада има обврска да ги предупреди Американците за малигни странски влијанија... Ќе продолжиме да ги осудуваме обидите за поткопување на нашата демократија, рече на брифинг портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Засега нема коментар од Техеран по ова прашање. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан