• четврток, 18 декември 2025

Без струја делови од Крушопек, Сарај, Карпош и Глуво

Без струја делови од Крушопек, Сарај, Карпош и Глуво

Скопје, 16 јуни 2025 (МИА) - Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска од 08:15 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од село Крушопек и Рекреативниот центар Сарај, соопшти ЦУК.

Од 09:00 до 12:00 часот, струја ќе немаат и корисниците во околината на ул. Женевска бр. 15 во општина Карпош, а од 09:00 до 15.00 часот, корисниците во околината на Авто сервис – Милошевски во с. Глуво, општина Чучер Сандево.

Фото: МИА

Остани поврзан