• сабота, 27 април 2024

Без струја делови од Бутел, Карпош и Шуто Оризари

Без струја делови од Бутел, Карпош и Шуто Оризари

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Без струја денеска од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од напојната Трафостаница - Бутел 6 до Тутунска банка, Општина Бутел.

Во временскиот период од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Орце Николов“ згради бр. 155 и бр. 156 во Општина Карпош.

Од 11:30 до 13:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Бутелски венец“, „Индира Ганди“ и „Пелагонија“, Општина Шуто Оризари.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан