• петок, 22 ноември 2024

Без резултат потрагата по членовите од екипажот на потонатиот брод кај Лезбос

Без резултат потрагата по членовите од екипажот на потонатиот брод кај Лезбос

Атина, 27 ноември 2023 (МИА) – Широката операција за пребарување и спасување на Крајбрежната служба на Грција во морската област југозападно од Лезбос, по потонувањето на товарниот брод, продолжува, а 24 часа по несреќата, потрагата по 12 членови на екипажот е без резултат, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека акцијата се води по вода, на копно и од воздух со бродови и хеликоптери, авион на ФРОНТЕКС, како и патролни возила.

Тие објаснија дека вчера наутро биле известени од капетанот на товарниот брод дека во морскиот дел на 4,5 наутички милји југозападно од Лезбос плови без контрола поради дефект на моторот, а потоа повторно го контактирал Центарот за спасување и рекол дека бродот е навален и побарал помош со емитување „MAYDAY“.

Во конкретниот морски дел веднаш се упатиле пет бродови што биле во близина, хеликоптер на военото воздухопловство и хеликоптер на воената морнарица.

Малку подоцна еден од хеликоптерите го пронашол, засега, единствениот преживеан, 40-годишен Египќанец кој бил пренесен во Општата болница на Лезбос, каде што е и хоспитализиран, додека пак товарен брод што бил во близина го пронашол безживотното тело на 30-годишен морнар, исто така египетски државјанин.

Товарниот брод пловел од Александрија кон Истанбул со 14 членови на екипажот. ср/паг/

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан