• петок, 05 декември 2025

Захарова го осуди договорот за Специјален трибунал за злосторства на агресија против Украина

Захарова го осуди договорот за Специјален трибунал за злосторства на агресија против Украина

Москва, 26 јуни 2025 (МИА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска го осуди потпишувањето на договорот за Специјален трибунал за злосторства на агресија против Украина во Советот на Европа.

Таа рече дека станува збор за „срамотна страница во историјата на Советот на Европа, а ги има многу“, додавајќи дека таа организација не знае ништо за човековите права и не била заинтересирана за правата на Русите во Украина, пренесува РИА Новости.

- -Советот на Европа беше еден од првите кој се изјасни во корист на формирањето квази-правни механизми насочени против нашата земја. Оваа институција одамна стана упориште на западната русофобија и двојни стандарди, а сега овој трибунал доби поддршка од Комитетот на министри на Советот на Европа, изјави таа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе вчера потпишаа договор за формирање на специјален трибунал за гонење на злосторствата на агресија извршени против Украина.

Церемонијата на потпишување се одржа во седиштето на Советот на Европа во Стразбур, што беше прва посета на Зеленски на Палатата на Европа.

Трибуналот, кој ќе биде формиран во рамките на Советот на Европа, ќе истражува и ќе ги гони лицата обвинети за „злосторства на агресија против суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, особено во врска со тековната војна меѓу Русија и Украина. јт/

Фото: Совет на Европа

Остани поврзан