• петок, 10 мај 2024

Без вода утре делови од Карпош и Центар

Без вода утре делови од Карпош и Центар

Скопје, 2 март 2024 (МИА) - Поради отстранување дефект на затворач (шибер) на водоводна мрежа со пречник од Ф 80мм на улица „Питу Гули“ и Ф 100мм пред влезот на ГТЦ, во недела од 9:00 часот без вода ќе останат делови од општини Карпош и Центар. 

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Питу Гули“, „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Капиштец“, „Караорман“, „Ацо Караманов“ и „Ловќенска“, „Мирче Ацев“, „Мирче Мацан“ и дел од ул. „Филип 2“ на потегот од од Градска Болница - Наум Охридски до хотел - Холидеј Ин. ра/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан