Лишен од слобода кавадарчанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
- Лишен од слобода бил кавадарчанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.
Кавадарци, 3 јуни 2025 (МИА) - Лишен од слобода бил кавадарчанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.
- Синоќа во 18:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.Ј.(45) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. свд/дма/
Фото: МИА архива