• петок, 10 мај 2024

Без вода неколку улици во Скопје

Без вода неколку улици во Скопје

Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - Поради уличен дефект ф-80 мм на ул. „Дичо Петров“ 12, денеска од 13:30 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од улиците „Дичо Петров“, „Боте Боцевски“, дел од „Христо Татарчев“, „Невена Георгиева -Дуња“, „Виктор Иго“, дел од „Георги Димитров“, дел од „Антон Попов“, „Иван Козаров“, „Драга Стојанова“, „Марко Цепенков“ и „Јоаким Крчовски“.

Од ЈП Водовод и канализација -  Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. дма/

Фото:МИА архива

 

 

Остани поврзан