• сабота, 27 јули 2024

Без вода неколку улици во скопско Лисиче поради уличен дефект

Без вода неколку улици во скопско Лисиче поради уличен дефект

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Поради водоводен уличен дефект од Ф 80мм ул. „Горно Лисиче“ бр 49, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Горно Лисиче“, „Божин Николов“ и „Лисец“.

Како што информираа од ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот со водоснабдување ќе почне од 11:20 часот до завршување со работните активности. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан