Без вода неколку улици во општина Аеродром
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
![Без вода неколку улици во општина Аеродром](https://mia.mk/images/20231027104623_big_730x400_9.webp )
Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „Сирма Војвода“ број 5, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица, како и од улиците „Кресна“, „Илија Димовски - Гоче“, „Димитар Македонски“, „Детелин Војвода“ и „Митре Влаот“, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/са/
Фото: МИА архива