• сабота, 16 ноември 2024

Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија

Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Најсвежо утрово е во Лазарополе, каде до 8.30 часот, измерени се шест степени. Температурата во Дојран и во Гевгелија достигнала 20 степени на почетокот од денов.

Седум степени се измерени во Берово, осум во Маврови Анови, девет во Крива Паланка, Попова Шапка, 11 во Битола, Крушево, 12 во Тетово, Охрид, Претор, 13 во Скопје - Петровец, Прилеп, Штип, Дебар, 14 во Виница, Струмица, Куманово, 15 во Скопје - Зајчев Рид, Демир Капија, 16 во Кавадарци, 17 во Велес.

Потопло време е најавено за денеска, со мала до умерена локална облачност. Слаб до умерен, а наместа долж Повардарието, повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура се очекува да биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 32 степена. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан