• петок, 05 јули 2024

Без вода неколку улици во Автокоманда

Без вода неколку улици во Автокоманда

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на „16 Македонска бригада“ (парк шума Гази Баба), денеска, од 08:00 часот, без вода ќе бидат улиците: „16 Македонска бригада“, „Јани Лукровски“, „Ташко Караџа“ и „Трифун Хаџијанев“, во скопската населба Автокоманда.  

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот. ир/дма

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан