• среда, 04 септември 2024

Без вода корисниците на повеќе улици во населба Тафталиџе и дел од „Охридска“ и „Петричка“ во Центар

Без вода корисниците на повеќе улици во населба Тафталиџе и дел од „Охридска“ и „Петричка“ во Центар

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Прекинато водоснабдување денеска поради уличен дефект од Ф100мм на ул. „Петар Драганов“ 1 во населба Тафталиџе, ќе имаат корисниците од ул.„Петар Драганов“, „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“ и „Стокхломска“.

Како што информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Без вода денеска од 09:00 часот ќе останат и корисниците на дел од улиците „Охридска“ и „Петричка“ поради поврзување на водоводна мрежа Ф-110мм и изведување на приклучок од Ф-80мм на ул. „Охридска“ 44 во населба Центар. цр/вг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан