• сабота, 18 мај 2024

Без вода дел од општините Шуто Оризари и Аеродром

Без вода дел од општините Шуто Оризари и Аеродром

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Без вода денеска од 12:45 часот се дел од корисниците на улиците „Анастас Митрев“, „Петар Ацев“, „Нов Живот“, „Гвадалахара“ и „Диме Мечето“.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје , прекинот на улиците „Анастас Митрев“ и „Петар Ацев“ е настанат поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улицата „Анастас Митрев“ број 27. 

Прекинот на улиците „Нов Живот“, „Гвадалахара“ и „Диме Мечето“ е настанат поради скината цевка од страна на приватна фирма на улицата „Нов Живот“ бб.

Корисниците ќе бидат без вода се додека не се санираат дефектите. сан/са/

 

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан