Без вода дел од Општина Центар
- Засегнатите ќе немаат вода за пиење од девет часот, па сѐ до отстранување на дефектот.

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Дел од Општина Центар денеска ќе остане без вода за пиење поради уличен дефект.
Од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје информираат дека поради уличен дефект на раскрсница меѓу улиците „Македонија“ и „Луј Пастер“, без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од овие улици.
Засегнатите ќе немаат вода за пиење од девет часот, па сѐ до отстранување на дефектот. бд/вг/
Фото: МИА архива