• петок, 05 јули 2024

Без вода дел од населбите 11 Октомври и Кисела Јабука

Без вода дел од населбите 11 Октомври и Кисела Јабука

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека поради уличен водоводен дефект од ф 100 мм на ул. „Петар Драпшин“ бр.7, од 09:50 утрово прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата 11 Октомври.

Од 10:20 часот вода нема да имаат и корисниците од населбата Кисела Јабука поради уличен водоводен дефект од ф 150 мм на ул.„10“, бр.2.

Прекините ќе траат до санирање на дефектите. мч/дма/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан