• петок, 05 јули 2024

Штипскиот Универзитет спремен за уписи на нови студенти

Штипскиот Универзитет спремен за уписи на нови студенти

Штип, 5 јули 2024 (МИА) - Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ (УГД) е подготвен за уписи на студенти во новата академска 2024-2025 година. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски денеска изјави дека изминатите неколку години имаат стабилни бројки, кога станува збор за уписи на нови студенти.

-Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип веќе неколку години по ред практично е стабилен и немаме драстично намалување на студенти, напротив дури последната година имаме благо зголемување на неколку проценти на бројот на новозапишаните студенти. Веројатно повеќе причини се зад намалувањето што се случува, почнувајќи од демографски причини, високиот степен на миграција на младите луѓе од нашата држава и сигурен сум дека ова прашање ќе мора да се решава комплексно не само од страна на универзитеите, туку и од страна општеството и државата, вели Мираковски.

Конкурсите за уписи на Универзитети во земјава се уште не се објавени, од причина што се чека одлука на Влада, по што Универзитетите веднаш ќе ги објават. Проректорот на УГД-Штип, Мишко Џидров денеска за МИА вели дека остануваат истите студиски програми на факултети како и минатата година, со една нова, а тоа е воведување на уште една студиска програма на англиски јазик на Економскиот факултет. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан