• недела, 22 декември 2024

Бајден: Кенеди ги водеше САД со непречена одлучност во најопасните моменти на 20. век 

Бајден: Кенеди ги водеше САД со непречена одлучност во најопасните моменти на 20. век 

Вашингтон, 21 ноември 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден оддаде почит на 35. Претседател на САД Џон Кенеди кој беше убиен во атентат на 22 ноември 1963 година, кога претседателската колона поминуваше низ улиците на Далас. 

-Претседателот Кенеди беше воен херој, сенатор и државник. Тој цврсто го одреди патот на нашата земја во едни од најзначајните сфери на 20 век – од граѓански и избирачки права, до еднаква плата за жените, изјави Бајден. 

Рече дека Кенеди ги водел САД „со непречена одлучност во најопасните моменти од Студената војна. А во пресрет на новото десетилетие тој не поведе напред кон нови хоризонти со успешниот лет на Месечината и понатаму. Благодарејќи нему државната служба во нашата земја започна да се смета за вокација“. 

-Тој нѐ повика да ја земеме историјата аво свои раце и никогаш да не запреме во стремежите да ја изградиме Америка соодветно највисоките идеали, истакна Бајден. 

Како што е извесно, Националниот архив на САД лани објави илјадници документи околу убиството на Џон Кенеди од страна на Ли Харви Освалд, поранешен маринец и комунистички активист. 

Бајден го потпиша указот но ја задржа графата доверливо на стотици преостанати документи поврзани со атентатот на уште една година.  

Од документите се дознава дека владата открила досие за Освалд во декември 1960 година, речиси три години пред убиството на Кенеди. кб/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан