• четврток, 21 ноември 2024

Барселона ќе му понуди поголема плата и договор до 2030 на Јамал

Барселона ќе му понуди поголема плата и договор до 2030 на Јамал

 

Барселона, 17 септември 2024 (МИА) – Шпанскиот прволигаш Барселона донесе одлука за иднината на играчот од средниот ред Ламин Јамал, објави денеска весникот Марка.

Според истиот извор, следното лето, кога Јамал ќе наполни 18 години, клубот ќе потпише нов договор со него до 2030 година под значително подобрени услови.

Оваа сезона Барселона има намера да му ја зголеми платата на Јамал, која моментално изнесува 1,5 милиони евра годишно без бонуси.

За услугите на Јамал е заинтересиран и француски ПСЖ, кој е подготвен да плати 200 милиони евра за трансферот на 17-годишниот фудбалер. Сепак, Барселона јасно ставила до знаење дека нема да го продаде играчот.

Оваа сезона Јамал одигра пет натпревари за каталонскиот клуб во Ла Лига, постигнувајќи три голови, а додаде и четири асистенции.

Актуелниот договор на Јамал е со важност до лето 2026 година.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан