• понеделник, 13 мај 2024

Баерн реагираше на желбата на Алонсо да остане во Баер

Баерн реагираше на желбата на Алонсо да остане во Баер

Минхен, 1 април 2024 (МИА) - Директорот на Баерн Минхен, Макс Еберл го сподели своето мислење за одлуката на Чаби Алонсо да остане во Баер Леверкузен.

- Чаби е достојна личност. Го познавам уште од времето кога работев во Гладбах и преговарав со него, а тој потоа замина на чело на Сосиедад. Знаев дека нема да го напушти Леверкузен, изјави Еберл за „Bayern & Germany“.

Алонсо (42) е на чело на Баер Леверкузен од октомври 2022 година. Договорот на Шпанецот со германскиот клуб е до крајот на јуни 2026 година.

Претходно медиумите објавија дека Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн се заинтересирани за услугите на Алонсо.

Под водство на Чаби Алонсо, Баер Леверкузен е на добар пат сезонава да ја освои титулата во Бундеслигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан