Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
- Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски. Ристов денеска со седум гласа „за“, два „против“ и ниту еден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.