• петок, 22 ноември 2024

Атанас Костојчиноски за Водици најсреќен меѓу верниците во Вевчани

Атанас Костојчиноски за Водици најсреќен меѓу верниците во Вевчани

Вевчани, 19 јануари 2024 (МИА) - Средношколецот Атанас Костојчиноски од Вевчани, го извади светиот крст од осветените пенливи Вевчански извори, на одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление - Водици.

Младиот вевчанец прв пат го фаќа светиот крст за Водици. Како и сите момчиња кои учествуваа во фаќањето на чесниот крст и тој очекува среќна и успешна година.

На Богојавленското осветување на водите во Вевчанските извори присуствуваа голем број вевчанци, а 15-тина се обидоа да стигнат до светиот крст. сс/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан