Астон Вила му нуди на Грилиш плата од 150 илјади фунти неделно
- Премиерлигашот Астон Вила се обидува да го задржи играчот од средниот ред Џек Грилиш во тимот, пренесува „The Telegraph“.
Лондон, 30 јуни 2021 (МИА) – Премиерлигашот Астон Вила се обидува да го задржи играчот од средниот ред Џек Грилиш во тимот, пренесува „The Telegraph“.
Според британскиот весник, клубот на 25-годишниот Англичанец му нуди нов договор со плата од 150 илјади фунти неделно.
Во сезоната 2020/2021, Грилиш забележа 27 настапи за Астон Вила, постигнувајќи седум голови и 12 асистенции.
Порталот Transfermarkt.com го проценува играчот на 58,5 милиони фунти.
На 26 јуни беше објавено дека Грилиш ги договорил условите за трансфер во Манчестер сити. зс/