• среда, 05 март 2025

Армијата го опколи домот на потпретседателот на Јужен Судан, ги апси сојузниците

Армијата го опколи домот на потпретседателот на Јужен Судан, ги апси сојузниците

Џуба, 5 март 2025 (МИА) – Јужносудански војници го опколија домот на потпретседателот Риек Мачар во главниот град и неколку негови сојузници беа уапсени откако вооружена група поврзана со него зазеде армиска база на северот на земјата.

Мачар, чие политичко ривалство со претседателот Салва Кир во минатото ескалира во граѓанска војна, минатиот месец рече дека отпуштањето на неколку негови сојузници од владините функции го загрозува мировниот договор од 2018 година, меѓу нив и Киир, кој стави крај на петгодишната граѓанска војна во која беа убиени над 400.000 луѓе.

Заменик-началникот на армијата, генерал Габриел Дуоп Лам, лојален на Мачар, беше приведен вчера поради борби во северниот дел на земјата, а сојузникот на Мачар и министер за нафта Пуот Канг Чол беше уапсен денеска заедно со неговите телохранители и семејството. Не беше наведена причина за апсењата.

Ниту Мачар, ниту неговата партија SPLM-IO не ги коментираа случувањата, но министерот за води Пал Мај Денг, кој е и портпарол на партијата, рече дека притворот на Лам „го става на ризик целиот мировен договор“.

Минатата недела, западни дипломати ги повикаа лидерите да ги намалат тензиите.

Тер Мананг Гетвич, извршен директор на Центарот за мир и застапување, повика на итно ослободување на затворениците за да се спречи понатамошна ескалација на насилството и натамошно крвопролевање што може да ескалира во, како што рече, „целосна војна“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан