• недела, 12 мај 2024

Арбер Адеми на заеднички работен состанок за Западен Балкан во германскиот Бундестаг

Арбер Адеми на заеднички работен состанок за Западен Балкан во германскиот Бундестаг

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми, денеска учествуваше на работен состанок со германскиот пратеник Михаел Рот и колегите од парламентите на земјите од регионот, Албанија, БиХ, Србија и Косово во Германскиот Бундестаг.

Овој тип на настан, како  што е наведено во соопштението од собраниската прес-служба, овозможи размена на мислења помеѓу учесниците во однос на процесот на проширувањето на Европската Унија со земјите на Западен Балкан.

-Адеми, изрази особена благодарност за силната повеќедецениска поддршка на Сојузна Република Германија на нашиот евроатлантски интеграциски пат. Исто така, тој посочи дека, покрај стратешките приоритети на надворешната политика - активностите во НАТО и идното членство во ЕУ, Република Северна Македонија придава големо значење на интензивирањето и продлабочувањето на соработката со земјите од Западен Балкан, се наведува во соопштението.

На средбата станало збор за состојбите во земјава и во регионот на Западен Балкан, особено во поглед на евроатлантските интеграции. дма/са/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан