• понеделник, 23 декември 2024

Средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН: Договорени општите начела на соработка за идната влада

Средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН: Договорени општите начела на соработка за идната влада

Скопје, 11 мај 2024 (МИА) - Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН присутни биле Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Од ВМРО - ДПМНЕ соопштија дека се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

- Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, се вели во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.

Претходно, од ВЛЕН изјавија дека според нив, првичната средба и разговори оделе во позитивна насока.  цр/

Фото и видео : ВМРО - ДПМНЕ

 

Остани поврзан