• четврток, 30 мај 2024

Анчелоти застана во одбрана на Белингем

Анчелоти застана во одбрана на Белингем

Мадрид, 12 април 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не ги разбира тврдењата за пад во формата на англискиот играч за врска, Џуд Белингем.

-Белингем повторно ќе почне да постигнува голови. Не е точно дека е паднат во форма. Само што сега реализира помалку од порано, но големиот број на голови беше неочекуван. Тој се уште врши одлична работа, изјави Анчелоти, цитиран од новинарот Фабрицио Романо.

Белингем минатото лето дојде во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра.

Оваа сезона играчот од средниот ред одигра 33 натпревари за „белите“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 10 асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан