• среда, 10 јули 2024

Анкета: Ако би се одржале избори оваа недела во Германија партиите од владината коалиција би освоиле 30 отсто од гласовите

Анкета: Ако би се одржале избори оваа недела во Германија партиите од владината коалиција би освоиле 30 отсто од гласовите

Берлин, 9 јули 2024 (МИА) - Партиите од владината коалиција во Германија би освоиле 30 отсто од гласовите ако парламентарни избори се одржат оваа недела, што е најнизок резултат досега, покажуваат резултатите од денеска објавена анкета на РТЛ/нтв.

Социјалдемократите (СПД) на германскиот канцелар Олаф Шолц би освоиле 14 отсто од гласовите, партијата на зелените би освоила 11 отсто, а помалиот коалициски партнер Слободните демократи (ФДП) пет отсто.

Конзервативната опозициска ЦДУ/ЦСУ би добила 30 отсто - колку сите три коалициски партнери заедно.

Според анкетата, екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AфД) е на второ место со 17 отсто, а трета е новата популистичка алијанса Сахра Вагенкнехт со осум отсто.

Анкетата ја спроведе институтот Форса, а беа анкетирани 2.504 граѓани во периодот од 2 до 8 јули. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан