• сабота, 20 јули 2024

Андријана Нелкова – Чучук избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика

Андријана Нелкова – Чучук избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) -  Андријана Нелкова – Чучук, член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) е избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика (ERRA – Energy Regulators Regional Association) со мандат од 2024 до 2026 година, информираат од РКЕ.

Оттаму додаваат дека регулатори од 47 земји, од пет континенти учествувале на редовното годишно собрание на кое Нелкова – Чучук е изгласана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика ЕRRА.

Лидерската функција на Нелкова – Чучук доаѓа по извршување на два последователни мандати како член на претседателството на ERRA. сст/дма/

Остани поврзан