Американските граѓани во Србија повикани на претпазливост поради денешните протести
- Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за своите граѓани, повикувајќи ги да избегнуваат гужви поради најавениот генерален штрајк во Србија.
Белград, 24 јануари 2025 (МИА) - Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за своите граѓани, повикувајќи ги да избегнуваат гужви поради најавениот генерален штрајк во Србија.
На веб-страницата на Амбасадата е наведено дека се очекуваат протести на неколку локации во Нов Белград и центарот на Белград.
„Полицијата очекува големи гужви, затворање на улици и значителни застои во сообраќајот на овие, а можеби и на други локации. Доколку сте во близина на овие области, бидете претпазливи. Ако се најдете во гужва или нереди, веднаш напуштете го подрачјето. Ако не можете да заминете, најдете безбедно место за засолниште“, се наведува во соопштението.
Американските граѓани се советуваат да „следат локални медиуми за информации, да ги известат своите пријатели и семејство за својата локација и да бидат свесни за својата околина“. ссм/
фото: архива