• недела, 19 мај 2024

Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се одобруваат 886 милијарди долари за одбранбени трошоци

Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се одобруваат 886 милијарди долари за одбранбени трошоци

Вашингтон, 14 декември 2023 (МИА) - Американскиот Сенат го одобри нацрт-законот за одбранбена политика со кој се одобруваат рекордни 886 милијарди долари годишни воени трошоци со силна поддршка и од демократите и од републиканците. Таа сума е за три отсто повисока од лани.

Законодавството одобрува сe, од зголемување на платите на воениот персонал - оваа година ќе биде 5,2 проценти - до купување бродови, муниција и авиони, како и политики како што се мерки за помош на Украина и спротивставување на Кина во индо-пацифичкиот регион.  

-Текстот ќе осигури дека Америка може да ја држи линијата против Русија, цврсто да застане против Кинеската комунистичка партија и да обезбеди американската војска да остане на модерно ниво во секое време низ светот, рече лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер пред гласањето.

Сенатот го одобри законот со 87 гласа „за“ и 13 „против“. Се очекува Претставничкиот дом да го усвои подоцна оваа недела и да го испрати до Белата куќа, за потпишување од претседателот Џо Бајден. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан