• петок, 26 април 2024

Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел

Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел

Вашингтон, 18 април 2024 (МИА) – Претставничкиот дом на САД на 20 април ќе го одржи долгоочекуваното гласање за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот, изјави претседавачот Мајк Џонсон. 

Гласањето е по повеќе од два месеци откако пакетот беше одобрен во Сенатот. 

Надлежниот комитет претстави закон што ќе обезбеди 60,84 милијарди долари за Украина и регионалните партнери, од кои 23,2 милијарди долари ќе бидат искористени за обнова на резервите американско оружје и објектите.

Поддршката за Израел изнесува вкупно 26,38 милијарди долари, вклучително и средства за покривање на трошоците за американските воени операции како одговор на неодамнешните напади. 

Средствата наменети за Индо-пацификот изнесуваат 8,12 милијарди долари. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан