• петок, 22 ноември 2024

Премиерот на Хаити се повлекува, земјата ќе ја води преоден совет

Премиерот на Хаити се повлекува, земјата ќе ја води преоден совет

Порт - о - Пренс, 25 април 2024 (МИА) - Премиерот на Хаити, Ариел Хенри, официјално поднесе оставка од неговата сегашна функција, објави неговиот кабинет денеска, а во меѓувреме, земјата ќе ја води преоден совет кој сака да го врати мирот во  услови на уништување предизвикано од широко распространето насилство од банди.

Министерот за финансии Патрик Бојсверт привремено ќе ја извршува функцијата премиер, објавено е во официјалниот национален весник.

Во писмото од синоќа Хенри напиша дека неговата администрација „и служела на нацијата во тешки времиња“.

Владата во заминување на Хаити го официјализираше процесот на транзиција пред две недели, еден месец откако Хенри ја објави својата оставка додека беше надвор од земјата, бидејќи вооружените банди се заканија дека ќе го заземат главниот град. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 

 

 

Остани поврзан