• недела, 22 декември 2024

Американскиот бејзбол играч прв во историјата кој играл за два тима на ист натпревар

Американскиот бејзбол играч прв во историјата кој играл за два тима на ист натпревар

Бостон, 27 август 2024 (МИА) - Бејзбол играчот на Бостон ред сокс, Дени Jансен, стана првиот играч во историјата на професионалниот спорт кој играл за двата тима на официјален натпревар.

Jансен (29) беше дел од тимот на Торонто Блу ​​Џејс на 26 јуни 2024 година, на натпревар од бејзбол лигата во Северна Америка од против неговиот сегашен клуб. Натпреварот беше прекинат поради дожд и беше одлучено остатокот да се доигра вчеравечер.

На 27 јули, Jансен беше разменет во Бостон, а тој влезе во игра на  натпревар против неговиот поранешен клуб со Ред Сокс.

- Бев изненаден кога дознав дека јас сум првиот што го направил ова. Убаво е да се остави таков белег. Интересно е и чудно. И јас сум благодарен за оваа можност, изјави Jансен за „ESPN“.

Поранешниот тим на Јансен го победи неговиот сегашен тим, Бостон, со 4:1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан