• четврток, 04 декември 2025

Реал Мадрид заработи повеќе од 50 милиони евра

Реал Мадрид заработи повеќе од 50 милиони евра

Њујорк, 3.јули 2025 (МИА) - Реал Мадрид успеа да заработи најмногу пари од сите четвртфиналисти на ФИФА Светското клупско првенство. Клубот од Мадрид е првиот што ја надмина бројката од 50 милиони евра заработка врз основа на учество и пласманот досега. 

„Кралскиот клуб“ ги мина групата и осминафиналето и го очекува дуелот од четвртфиналето против Борусија Дортмунд во сабота. Нивната заработка досега е 54,83 милиони евра. Причината за надминувањето на сумата од 50 милиони е затоа што „кралскиот клуб“ имаше фиксна стартна награда за учество од 32,8 милиони евра. 

Нешто под 50 милиони се: Баерн - 48,97 милиони и ПСЖ - 48,37 милиони,  а најниска заработена сума од четвртфиналистите има Ал Хилал - 29,39 милиони евра.     мн/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан