• сабота, 06 декември 2025

Марковски и Јовиќ останаа без полуфинале

Марковски и Јовиќ останаа без полуфинале

Куршумлијска Бања, 3.јули 2025 (МИА) - По голема борба македонско-српската комбинација Обрад Марковски и Никола Јовиќ го заврши настапот на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања во конкуренција на двојки. Поуспешни од нив попладнево во четвртфиналето беа Аргентинците Шин Хес и Лоренцо Гаљардо, кои остварија победа со 2:1 во сетови (6:3; 2:6; 13-11 на поени) за 83 минути.

Во решавачкиот сет на поени ривалите на Марковски и Јовиќ постојано имаа минимална предност, а ја реализираа четвртата меч топка и сетот го добија со 13-11 на поени. Во првиот сет тенисерите од Аргентина го освоија првиот сет со 6:3 во гемови, а Марковски и Јовиќ се изборија за решавачкиот сет откако беа поуспешни во вториот сет со 6:2 во гемови.

Поразот ги спречи Марковски и Јовиќ да го повторат успехот од пред неколку недели кога играа финале.    мн/

 

Фото: МТФ

Остани поврзан