• петок, 05 декември 2025

Вардар ги пушти влезниците за евронатпреварот во продажба

Вардар ги пушти влезниците за евронатпреварот во продажба

Скопје, 3.јули 2025 (МИА) - ФК Вардар по неколку години повторно ќе ја претставува Македонија во еврокуповите. Со освојувањето на Купот на Македонија претходната сезона „црвено-црните“ добија право на настап за Конференциската лига на УЕФА.  

Вардар во првата елиминациска рунда ќе играа против екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, а првиот натпревар се игра Арената „Тодор Проевски“ во Скопје, во четврток (10. јули) со почеток од 20 часот.

Од таборот на Вардар денеска информираа дека во продажба се пуштени влезниците за овој натпревар. Тие ќе може да се купат по цена од 100 и од 300 денари на МкТикетс.    мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан