• среда, 24 април 2024

Алкараз: Секој навивач на Реал сака Мбапе да дојде во Мадрид

Алкараз: Секој навивач на Реал сака Мбапе да дојде во Мадрид

Мадрид, 6 август 2023 (МИА) - Шпанскиот тенисер и прв светски рекет Карлос Алкараз се произнесе за можниот трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

 

- Секој навивач на Реал сака Мбапе да биде во Мадрид. Сите сакаат да го видат во својот тим. Се надевам дека ќе ја прочитаме веста дека Мбапе се сели во Реал Мадрид, бидејќи тоа многу би ми се допаднало, го цитира Алкараз „MadridXtra“.

 

Договорот на 24-годишниот Французин со ПСЖ истекува следното лето. Претходно беше објавено дека тој планира да се пресели во Реал Мадрид како слободен играч за една година, додека ПСЖ инсистира на продолжување на договорот или итна продажба.

 

Во текот на вчерашниот некои медиуми во Шпанија објавија дека ПСЖ и Реал веќе се договорија и дека трансферот на Мбапе ќе го обзнанат многу скоро. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан